Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, поднесе кривична пријава против Б.Ч. (32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 22.03.2019 на улица „Кузман Јосифоски“ во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во станот каде престојува пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.