Заев: Никој нема да биде амнестиран, до октомври ќе испорачаме се што се очекува од нас

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, истакна дека никој во земјава не е привилегиран и нема да биде амнестиран и го охрабри Обвинителството да продолжи со постапката во „случајот Рекет“.

 

„Пораката е никој не е привилегиран, никој нема да биде амнестиран, сите се еднакви пред правдата и затоа и понатаму го охрабруваме Јавното обвинителство да ја продолжи постапката во случајот „Рекет“, без разлика до кого ќе стигне“, рече Заев.

 

Премиерот додава дека последните случувања во земјата сведочат за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

 

Заев притоа го оцени предложениот закон за ЈО како вин-вин ситуација, бидејќи во него биле вклучени сите предлози на опозицијата. Поради тоа тој очекува до крајот на месецов во Собранието да биде постигнат политички консензус за законот, а до почетокот на септември и да биде усвоен.

 

„Не сакаме да оставиме било каков аргумент на било која од земјите заради тоа што се уште не е завршено гласањето за Законот за јавното обвинителство, но и уште поважно, заради дома, заради граѓаните, заради земјата. Опозицијата ја потврди својата поента во преговарачкиот процес односно успеа да ме убеди дека треба да ја прифатиме идејата оти треба да се спојат обвинителствата“, рече Заев.

 

Премиерот истакна дека со чесна и искрена посветеност ќе се заокружат реформските процеси до октомври со цел да се поставиме на есен како земја која ги затоврила сите прашња за добивање на ветениот датум за старт на преговорите. Му порача на Хан дека во октомври очекуваме ЕУ да си го одржи зборот и да објави дека земјата може да ги отпочне преговорите по поглавјата за членство во ЕУ.

 

„На тој начин ќе биде потврдено не самата наша желба и очекување, туку и она што е запишано во Извештајот на ЕК за оваа година дека РСМ е блескав пример, како и во заклучокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург, дека поради ограниченото време и важноста на прашањето Советот ќе се врати на него со јасна и суштинска одлука што е можно поскоро, но не подоцна од октомври 2019 година“, потенцира Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи