Рикер до ВМРО-ДПМНЕ: Времето за политички игри помина

Facebook
Twitter
Email
Print

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер упати порака до опозицијата да биде конструктивна во носењето на новиот закон за Јавно обвинителство и да се применува владеењето на правото во С. Македонија.

 

„Времето за политички игри, истакнување и играње со перспективите и идеите на граѓаните е поминато. Имам порака која јасна, а тоа е дека е време да се придвижат работите за доброто на земјава. Северна Македонија се движи напред, ова е клучно за процесот но и за граѓаните. Слушам од пријатели во Северна Македонија и редовно ги читам вестите, ова е нешто што граѓаните сакаат да го видат решено. Времето да се задржи ова од страна на опозицијата треба да заврши. Се надевам ќе имаат конструктивен пристап. САД сака да работи со сите политички партии во Северна Македонија, но за да го направиме тоа мора да видиме разумни напори. Законот за СЈО мора да се придвижи, а неговото усвојување сега ќе значи дека веќе нема да биде прашање и ЕУ ќе може наесен да ги отвори пристапните преговори. Ја поттикнувам опозицијата да се придвижи за да имаме уште поблескава иднина не само во поглед на безбедноста туку и за просперитетот за сите граѓани“, рече Рикер.

 

Рикер упати пораки за водење транспаретни истраги притоа нагласувајќи дека никој не треба да биде над законот.

 

„Владеењето на правото е важно за македонската идина, бидејќи јавноста очекува продолжување на истрагите, да се покаже дека владеењето на правото се применува и дека никој не е над законите“, истакна  американскиот дипломат.

 

Ги поздрави досегашните реформи, посебно Преспанскиот договор, кој според него е модел за храбри решенија на проблемите.  Додаде дека сето тоа носи и економски просперитет за граѓаните. Истакна дека американскиот претседател Трамп ја потенцирал важноста од затворање на старите проблеми и САД секогаш ќе бидат поддршка за просперитетот на Македонија и за сите заеднички вредности.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи