Убиецот на Мартин Нешковски веќе една година не е во затвор

Facebook
Twitter
Email
Print

Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, Игор Спасов не е в затвор затоа што се лекува, потврдуваат за Фактор од Управата за извршување на санкции. Според информациите тој е на лекување речиси една година. Судот му го продолжувал прекинот во неколку наврати.

 

„Осудениот Игор Спасов почнувајќи од 29.08.2018 година, до денес се наоѓа во прекин на издржувањето на казната затвор, кој му е одобрен со решение на Основен суд Штип и првично требало да трае два месеци до 22.10.2018 година. Но, потоа истиот суд му го продолжува прекинот на казната од 22.10. 2018 до 17.12.2018 година, па со ново решение му го продолжил до 17.12.2018 до 18.02.2019 година, како и одново од 18.02.2019 до 18.05.2019 година, за да последен пат му биде продолжен од 18.05.2019 до 18.08.2019 година кога треба да се врати во КДП Идризово на доиздржување на остатокот од казната“, информираат од Управата за извршување на санкции.

 

Прекинот на казната му е одобрен од судијата за извршување на санкции во истиот суд кој е надлежен според местото на живеење, а причината е неговата здравствена состојба, додаваат од Управата за извршување на санкции.

 

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешкоски за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2011 година.

 

Во мај годинава во дел од медиумите се појави информација дека е забележан во кафуле во Скопје.

 

Извор: Фактор

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи