Фризерката Светлана Зуламоска Гроздановска од Општина Кривогаштани, скоро една година се занимава со една интересна уметност, а тоа е изработка на портрети на познати ликови, направени од остатовите на косата од своите клиенти.
Еден лик го изработува по околу 3 часа, а целото ова хоби дошло спонтано. Досега има изработено околу 30-тина ликови, а првиот кој го изработила бил оној на Новак Џоковиќ, кога и започнала целата оваа необична приказна.
Зуламоска Гроздановска е единствена во Македонија и пошироко која се занимава со оваа необична уметност
Погледнете го целиот разговор со неа и како таа специјално за нас го изработува портретот на актерот Раде Шербеџија. Уживајте во оваа необична уметност.