Кривичниот совет при Основниот кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и ја продолжи мерката притвор за Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец за случајот „Рекет“.
„По разгледување и ценење на фактите и доказите Кривичниот совет донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“ соопштија од Судот.
Боки 13 и Зоки Кичеец беа уапсени на 15 јули и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор од 30 дена. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.