Осумнаесет години од Охридскиот рамковен договор

Facebook
Twitter
Email
Print

Пред 18 години на денешен ден е потпишан Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на конфликтот во 2001 година.

 

Договорот, кој беше потпишан на 13 август 2001 година, осумнаесет години подоцна ја има поддршката од меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок, но е предмет и на критики и оспорувања, особено во делот на рамковните вработувања.

 

Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Подоцна во претседателката резиденција на Водно документот го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, и лидерите на СДСМ – Бранко Црвенковски, на ДПА – Арбен Џафери и на ПДП – Имер Имери. Во својство на гаранти, документот кој е познат и како Охридски договор, го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

 

Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел се закони за недискриминација и правична застапеност, понатаму во сферата на идентитетот, културата, образованието и децентрализацијата на власта.

 

За успешна имплементација на договорот беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, а од годинава надлежноста за рамковниот ја презеде новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи