Aмерикански осуденик на смрт, кој се изјаснил дека сака да умре на електричен стол, е егзекутиран доцна синоќа во американската сојузна држава Тенеси.
„Смртта на Стивен Вест е прогласена во 19:27 часот, по локално време, во затворот во Нешвил“, соопштија локалните власти.
Вест бил осуден на смрт поради двојно убиство пред повеќе од 30 години.
Медиумите пренесуваат дека побарал електричен стол во надеж дека така малку ќе го одложи извршувањето на казната, што се случувало претходно во вакви случаи, но сепак не и во неговиот.