МТСП планира до крајот на годинава да отвори повеќе центри за жртви на семејно насилство

Facebook
Twitter
Email
Print

До крајот на оваа година во повеќе региони низ државата ќе бидат отворени неколку нови специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, најави Министерството за труд и социјална политика, од каде појаснуваат дека целта на вие сервиси е советување, третман и заштита на жртвите на родово базирано насилство, од сите форми на насилство.

 

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека посветено работат на соодветна и навремена помош и заштита на жртвите на семејно насилство.

 

МТСП е во фаза на подготовка на законска рамка за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената и активности од Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Дел од тие активности ќе се реализираат со поддршка од Холандската амбасада за што неодамна беше потпишан договор за соработка.

 

Овој документ, македонското Собрание го ратификуваше на почетокот на ланската година, со цел да се креира атмосфера ослободена од насилство против жените и семејно насилство воопшто.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи