Прилепчанец се здоби со тешки телесни повреди при пад со мотор на регионалниот пат Прилеп – Крушево.
Како што соопшти МВР, 46-годишниот прилепчанец со иницијали Е. Р., вчера напладне управувајќи со својот мотоцикл „Фости“ со прилепски регистарски таблици, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.