ВИДЕО – Петреска: Со новите автобуси на метан ја штитиме животната средина

Прилеп е првиот град во државата кој во јавниот превоз воведе автобуси на метан. Конечно граѓаните на Прилеп добија градски превоз каков што заслужуваат, современ, комфорен, навремен, а пред се превоз со кој ја штитиме животната средина и здравјето на луѓето, истакна на денешната прес конференција портпаролката на ОО СДСМ Прилеп, Стефани Петреска.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Наспроти старите и дотраени автобуси кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во јавниот превоз и за чие одржување годишно се трошеа над 150.000 евра, локалната власт предводена од СДСМ набави и пушти во употреба 4 нови еколошки автобуси со Еуро 6 стандард.

 

Со новите автобуси, освен што се заштитува животната средина, повеќе од двојно се намалуваат и трошоците за гориво, што ќе значи заштеда на буџетски средства кои ќе бидат инвестирани во нови проекти од интерес на граѓаните на општина Прилеп.

 

Со набавените 4 нови автобуси на метан, градоначалникот Јованоски и СДСМ докажаа дека стојат зад дадениот збор и ги исполнуваат предизборните ветувања пред граѓаните на општина Прилеп“, рече Петреска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи