Околу 3.000 велосипедисти учествуваа на годинешното голо возење низ Филаделфија (Philly Naked Bike Ride). Целта на манифестацијата е да промовира позитивен пристап кон човековото тело.
Велосипедистите се собраа во еден парк во Филаделфија каде се соблекоа и оттука почнаа со возењето низ улиците во Филаделфија. Дел од нив беа сосема голи, додека други возеа облечени само во долна облека или прекриени со боја по телото. Голото возење се организира за да се промовира позитивна слика за телото, но и како порака за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и протест поради зависноста од фосилните горива.
Тие возеле околу 16 километри низ централните градски улици и градските знаменитости, како што е Домот за независност, во која е донесена Декларацијата за независност на САД во 18.век.
Настанот претходно традиционално се одржуваше во септември, но веќе е поместен во август бидејќи учесниците се жалеле на студ.