Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросуперБС-98 не се менуваат, односно цената на еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 – 68,5 денари за литар.
Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за половина денар на 61, односно 51 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,924 денари на 32,574 денари за килограм.