Втора година по ред, викендов на 31-ви август и 1-ви септември во Крушево ќе се одржат ридско-брзинските трки, со учесници од неколку земји. Тренинг трките ќе се одржат во сабота, а двете натпреварувачки трки во недела со почеток во 9 часот.
Настанот го организира АКК клубот од Скопје со поддршка на општина Крушево и НКС „Десет дена Крушевска Република, а трасата која се поминува е од с. Острилци, општина Крушево, по регионалниот пат до влезот на град Крушево.
Минатата година имаше 30 учесници од неколку балкански држави, а настанот се одржа во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.