Ридско – брзински автомобилски трки викендов во Крушево

Втора година по ред, викендов на 31-ви август и 1-ви септември во Крушево ќе се одржат ридско-брзинските трки, со учесници од неколку земји. Тренинг трките ќе се одржат во сабота, а двете натпреварувачки трки во недела со почеток во 9 часот.

 

Настанот го организира АКК клубот од Скопје со поддршка на општина Крушево и НКС „Десет дена Крушевска Република, а трасата која се поминува е од с. Острилци, општина Крушево, по регионалниот пат до влезот на град Крушево.

 

Минатата година имаше 30 учесници од неколку балкански држави, а настанот се одржа во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи