Летало на американската војска без престан кружи околу земјата веќе 720 дена

Мистериозно летало на американската војска без престан кружи околу земјата веќе 720 дена. Станува збор за леталото познато како “X-37B”, а која е целта на неговата мисија останува тајна.

 

Ова е веќе петта мисија на “X-37B”, наречена “Orbital test Vehicle” и веќе го собори рекордот на претходната, кога леталото кружело околу земјата 714 дена, 20 часа и 42 минути. За време на овие 5 мисии, мистериозното летало има поминато повеќе од 2.000 денови во лет.

 

Американската војска не сака да прецизира за што станува збор и за мисијата зборуваат во воопштени термини. Се знае дека леталото X-37B е нешто како помала верзија на спејс шатлот на НАСА. Војската на САД има најмалку две вакви летала, а ги изработила компанијата “Boeing”.

 

Според наводите на војската, основната цел е со помош на ова летало да се истражи вселената, но и нови технологии. Освен тоа, властите не соопштуваат други детали.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи