ВИДЕО – Училишните клупи во Прилеп останаа празни – СОНК го одржа предупредувачкиот штрајк

Училишните клупи во Прилеп денеска сепак останаа празни. Новата учебна година за просветните работници во Прилеп започна со предупредувачки штрајк. Тие се присутни во училиштата, но без да ги извршуваат воспитно-образовните обврски. Од СОНК остануваат на ставот дека платите на наставниците и професорите од основните и средните училишта треба да се зголемат за 25%. Инаку денеска во Прилеп се примаа само првачињата и тоа без никакви официјални програми и свечености, како што тоа било во минатото. Се читаа само имињата на учениците, за да се знае кое прваче кај кој наставник ќе учи. Гоце Бумбароски од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп е наставник  кој денес прими дел од генерацијата првооделенци, но сепак остана во штрајк.

 

 

„Денес земам прво одделение, како и сите мои колеги од СОНК така и јас го поддржувам овој предупредупредувачки штрајк. Сум за овој штрајк. Но хуманиот дел од нашата работа не ми дозволува да ги вратам учениците назад. Ова е прв ден за нив. Пак напоменувам сум за штрајк, тука сум дојден од 7.15 часот, ќе си ги прочитам моите ученици коии се во прво одделение, ќе ги поздравам родителите надвор, не во мојата училница“, истакна Гоце Бумбароски, наставник во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп.

 

Иако од Општина Прилеп најавија дека на денешниот прием ќе присуствува и градоначалникот во 2 основни учиилишта, во последен момент неговото присуство беше откажано без објаснување.

 

„Можам слободно да кажам дека 90% од колегите не дојдоа на работните места, значии нема да се одвива настава. Беа само прочитани само шестоодделенците бидејќии тие иимаат класнии раководители. Јас излегов и им кажав на родителите дека сме под штрајк и дека децата само ќе се прочитаат. Исто беше договорено да се прочитаат и да се примат само првооделенците, да не го расипуваме нивниот прв ден“, кажа Јулијана Тренкоска, претседател на СОНК во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп.

 

Претседателот на регионалниот одбор на СОНК, Златко Думбалоски, истакна дека предупредувачкиот штрајк во Прилеп бил успешен и напомена дека минатата недела имале и притисоци и закани истиот да не одржи, но сепак тие не подлегнале на нив.

 

„Како синдикат имавме притисок минатата недела, во четвртокот, дел од директорите дојдоа со изјави дека мора да му направиме список кој ќе штрајкува. Од наша страна беа одбијани биидејќи му се кажа дека според одлуката и статутот на СОНК сите членови кои се во синдикатот мора да ја почиитуваат одлуката и да стапат во штрајк. Дел од колегите кои не се членови ни дадоа поддршка има и такви кои штрајкуваат. Во петокот беа повикувани сите од 1 и 6 одделение за да дел ги примаат учениците. Има колеги кои можат да издржат притисок, има колеги кои неможат, од тие причинии не му замеруваме на ниту еден колега кој излезе и ги прочита учениците, но само ги прочита децата да видат во кој клас ќе бидат и потоа се вратија во канцелариите да го продолжат штрајкот. Би го запрашал еве уште еднаш министерот дали тој како професор, а знаеме дека е професор на универзитет, дали тој би работел за плата од 21.600 денари. Доколку тој прифати да работи за оваа плата, еве ние од СОНК ќе речеме дека и ние ќе работиме за истата“, изјави Златко Думбалоски, претседател на СОНК во Прилеп.

 

Од утре наставата во сите училишта продолжува според редовната наставна програма.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи