Девет членови на Маркови Точакџии од кои 8 од Прилеп и една девојка од Битола по трет пат се искачија на планинскиот врв Кајмакчалан на Ниџе планина, висок 2.524 мнв. Филип Илиоски, Мартина Николовска, Стефан Милошески, Христијан Мојсоски, Илија Димоски, Дејан Дамески, Влатко Крстески, Горан Крстески и Кире Мулоски беа 9-те мина јунаци кои го освоија еден од потешките планински врвови во Македонија. А додека пак Филип Илиоски таму го прослави ии својот 27 роденден.
„Вчера на 1 септември по повод мојот 27–ми роденден го искачивме врвот Кајмакчалан 2.524 мнв. Врвот е еден од најтешките во Македонија за искачување во велосипед. По трет пат го искачивме. Успешно го искачивме сите девет души членови на Маркови Точакџии. Осум велосипедисти од Прилеп и една девојка единствена на турата од Битола. Во иднина се надеваме на уште искачени врвови во Македонија и пошироко“, истакна Филип Илиоски.
Инаку Илиоски заедно со Христијан Мојсоски се дечките кои во мај оваа година за само 5 дена извозија над 850 км. од Прилеп до Истанбул.