ВИДЕО – Прилепски средношколец патентираше специјален медицински шприц единствен од ваков тип во светот

ИЗВОР : СИТЕЛ

Сашо Јандрески од Прилеп е млад иноватор, ученик во втора година во гимназијата „Мирче Ацев“ кој на свои само 16 години веќе има патентирано уникатен и специјален медицински шприц. Патентирањето на овој производ се случи пред околу еден месец во Државниот завод за индустриска сопственост, а додека неговата промоција и публикација ќе се изврши на 20 септември во големата сала во Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

 

 

Сашо, пред се како дојде до реализација на идејата за оваа твоја навистина интересна и уникатна иновација ?

 

Самата идеја доаѓа од месец ноември 2018 година, каде јас самостојно започнувам да работам на овој проект. Верзијата 1 на овој шприц е доста комплицирана и со доста механизми, така што неговата цена би била поскапа и нема економијата да биде на прво место, така што потоа заедно со мојот тим ја изработивме верзијата 2 на шприцот која што и ја патентиравме. Оваа верзија захтева само еден механизам и со тој механизам шприцот ги достигнува истите критериуми кој би ги достигнал со претходните многу механизми, но за разлиика од тоа се заштедува големо количество на пластика, а со тоа и се заштедуваат и повеќе финансии и цената би била пониска.

 

Овој шприц ќе биде за еднократна употреба како и моменталните шприцеви кои се користат ?

 

Точно така, сите шприцеви се за еднократна употреба во медицината, иако овие сегашните шприцеви, некако можат да се користат по 2 или 3 пати, тоа е незаконски и против протоколот за убризгување на инекциите. Со тоа што мојот шприц ја нема таа можност да се користи по втор или трет пат, бидејќи во самиот шприц се ставени тие блокатори и со тоа самата игла се закочува во волуменската капсула и нема можност да се користи повторно.

 

За да биде појасно шприцот се уште не е направен, прототипот на шприцот треба да биде готов овие денови, се изработува тука во Прилеп, но тука за нас прв пат ексклузивно ќе ни прикажеш фотографии од него ?

 

Точно така, шприцот се состои од 3 основни дела : волуменската капсула, главата на волуменската капсула и притисочната рачка. Мојот шприц употребува обични модели на игли кои и денес се употребуваат. Сите тие игли се со различна големина, знаете ја имате таа стандардна големина, тука главата на иглата е обоена со зелено и другите помали и поголеми димензии на игли. Со тоа што мојот шприц би бил компактибилен со сите тие големини на игли, а би имало само мала разлика кај притисочната рачка.

 

 

Кога би те прашале зошто овој шприц, а не останатите кои сега моментално се користат, што им одговараш, кои се бенефитите од овој шприц ?

 

Тука има повеќе одговори, но во ова интервју ќе ги претставам оние кои се најважни. Прво здравствениот работник со овој шприц кога ја дава терапијата нема никаков контакт со пациентот на кој што ја дава. Шприцот е компактибилен и за венска и за мускулна терапија, со тоа како што кажав после првото користење иглата се закочува и нема можност да се користи повторно. За да полесно се дозира има две мерни скали и тоа едната мерна скала е многу поретка, а додека другата е многу позачестена, односно на едната скала работиме со десетинки од милилитарот, а на другата скала со половинки од милилитарот.

 

Пред се тука се поставува прашањето и за економската исплатливост, дали цената на овој шприц би била горе-долу иста како цената на шприцовите кои сега се користат ?

 

За тоа мора да се направат уште некои помали истражувања, но по нашите пресметки, кои повторувам не се 100 % сигурни, цената доаѓа да биде за неколку проценти повисока од сегашните шприцеви, но мора да земеме во предвид дека овој мој шприц ги замнеува сите претходни модели на шприцеви, доаѓа до заштеда на енормно големо количество на пластика и заштита на самите здравствени работници од Хепатит Б и Ц. Јас работам со мој тим кој е формиран во февруари 2019 година.

 

Во оваа прилика морам да ја поздравам професорката Стефани Видеска која што предава во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп и е професор по македонски јазик и литература. Потоа професорката Моника Јанкулоски која што е дипломиран професор на ПМФ Скопје, во областа математика и професорката Наташа Милеска Михајлоска, која што исто така е дипломиран професор на ПМФ Скопје, во областа наставна биологија. Професорката Стефани Видеска во целиот мој проект е задолжена за целата литература и лексика, професорката Моника Јанкулоски е задолжена за сите графикони, пресметувања околу економијата, заштедата и потрошувачката на пластиката и професроката Наташа Милеска Михајлоска е задолжена за целата администрација и истражувањето за био разградувачката пластика.

 

Кога веќе ја споменувам био разградувачката пластика морам да напоменам тоа дека за прв пат во нашата држава и се надевам во Европа се доаѓа до производство на био разградувачка пластика, односно доаѓа производството на медицински шприц кој што е направен од био разградувачка пластика. И во моето патентно барање е наведена дека мојот шприц има 2 верзии.

 

Првата верзија е тоа што шприцот може да се произведе од обична пластика, како што се произведуваат и денешните пластични шприцеви, пластика која неможе да се разгради. И втората верзија на шприцот е онаа каде шприцот се произведува од био гразградувачката пластика, односно каде пластиката може да се разгради и нема да биде штетна за животната средина. Тука има дел придобивки, но и дел загуби во однос на компанијата која сака да го произведува. Доколку одлучат да се произведува од обична пластика на прво место би им била економијата, а на второ екологијата. А доколку одлучат да ја произведуваат био разградувачката пластика, тогаш на прво место ќе им биде екологијата, а на второ економијата. Таа верзија е произведена бидејќи има земји како Германија, Норвешка, Швајцарија кои што се залагаат секогаш на прво место да биде заштитата на животната средина.

 

 

Како што кажавме, на 20 септември, за прв пат овој шприц ќе биде прикажан пред лекарите не само од Прилеп, туку и од цела Македонија. Дали досега некој од професорите на медицинскиот факултет, некои експерти, видено овој шприц, имате разговарано околу неговите придобивки итн.?

 

Самиот шприц пред да биде патентиран јас не смеев никаде да го публицирам, за прв пат го гледате вие на слика еве како модел како ќе изгледа, со тоа што со мојот тим, со контакт со Министерството за здравство, лично министерот Венко Филипче даде точна препорака дека шприцот е добар за функција, дека е добар за целото општество и дека се заштитени сите оние критериуми кои јас сакав да ги достигнам и ги достигнав со произведувањето на овој шприц, поточно со дизајнирањето, а се надевам и со произведувањето понатаму.

 

На публикацијата на шприцот ќе има сигурно и дебата околу предностите и негативностите на овој шприц?

 

Секако дека ќе има, на самата публикација ве канам и вие да бидете присутни, со тоа што на публикацијата ќе биде прво презентиран овој продукт, ќе биде виден од сите здравствени работници, вклучувајќи ги ветеринарите, фармацевтите, сите лаборатории во градот Прилеп, лекарите, медицинските сестри, со тоа што  после тоа ќе биде отворена една дебата на која што ќе бидат изјаснети сите мислења, а јас спротивно на тоа морам да го дадам соодветниот одговор доколку нешто не им е јасно. На самата публикација ќе бидат дадени и писмени мислења на сите лиценцирани здравствени работници, што јас тоа би го искористил како доказ во понатамошното мое унапредување на самиот проект.

 

Дали имаш размислувано каде би го понудил, на која компанија?

 

Компании не би именувал во моментот поради тоа што во Македонија има неколку компании што произведуваат медицинска опрема, а соодносно на тоа има и големи компании и во Бугарија и Германија, и воедно морам да ја спомнам и Словенија, со тоа што после публикацијата иди период на клиничко тестирање, кој ќе одлучиме дали ќе го спроведиме или не, оти тоа може да го спроведува и самата компанија која ќе го произведува. Одиме на саеми, или доколку веднаш се најде таа компанија што сака да го произведува, го превзема проектот, со тоа што го купува моделот од нас и понатаму соработуваме со што самиот шприц ќе дојде до производство, а и самите граѓани ќе можат да си го купат од аптеките.

 

Како млад иноватор кој има патентирано еден ваков навистина уникатен производ во Македонија, каде се гледаш себе си во иднина?

 

Во иднина се гледам, пред се да го завршам средното образование и ми е мило што сум ученик во гимназијата Мирче Ацев во Прилеп, но морам да напоменам и во овој миг ги поздравувам сите професори кои ми предаваат и директорот, со тоа што во иднина се гледам на еден од словенските факултети, дали во Љубљана или Марибор струдирајќи медицина, а понатаму би сакал еден ден да бидам успешен лекар кој ќе спасува многу животи.

 

Во Македонија или надвор од неа?

 

Моментално размислувам надвор од неа, но не можам да кажам дека нештото ќе биде, бидејќи пред се има многу години додека стигнам до таму, јас како што кажав сум втора година средно образование, али моменталното мислење ми е да одам надвор од Македонија.

 

Зошто, условите за развој на иновации се подобри надвор?

 

Да, затоа што условите за развој на иновација надвор од Република Северна Македонија моментално се подобри, но со едно кратко направено истражување со моите професори веќе сознаваме дека големи процентуални вредности, самата потсвест на Република Северна Македонија се поткрева последнава година и веќе доаѓаме до некое европско ниво, каде што и самите патенти се доволно добро заштите од самиот закон и самите иноватори.

 

Морам тука да го претставам графиконот, каде што се претставени сите заболени од хепатит Б во 2016, 2017, 2018 и 2019 година, со тоа што добро се гледа со зелената, портокаловата и црвената боја, во 2019 година, веќе сме 9-ти месец, колку заболени има од хепатит Б. Овие информации се превземени од интернет, со тоа што не се 100% сигурни, цело време се во тек на менување, но морам да напоменам и да ги отстранам гледачите од неизвесност, дека на 20 септември, на публикацијата, ќе бидат претставени пред самите гледачи и гостите дијаграми и графикони со најголема можна прецизност, односно со 99.99% точност, со тоа што овде ако гледате има една нулта точка, а таа нулта точка би ја достигнале доколку се произведува овој шприц. Можеби гледачите мислат дека е некоја грешка, но не е грешка. Морам да кажам дека со самото производство на шприцот, како што кажав претходно, не се овозможува контакт на здравствениот работник со пациентот. Јас лично имам искуство со нештото и веќе имам колеги кои биле заболени од хепатит Б и морам да кажам дека нештото е страшно.

 

Јас претходно волонтирав во итните медицински служби, на одделенијата за педијатрија и хирургија на нашата општа болница Борка Талески, со тоа што добив еден впечаток дека ние, конкретно во целиот свет, не сме заштитени како здравствени работници. Исто така морам да напоменам дека доколку во странство, дојде при повреда на некој здравствен работник со веќе искористена игла, постои цел протокот со кој тој здравствен работник добри две недели нема да биде на своето работно место, туку ќе оди на испитувања дали е целосно здрав и дали е пред се безбеден за пациентите што доаѓаат. Со мојот шприц моментално тврдам дека доколку дојди до производство, сето тоа ќе се намали и хепатитот Б и Ц ќе се сведат на минимум.

 

Иако постојат вакцини, тие не се онаа заштита што треба да ја пружат, односно 100% заштита која што ние ја заслужуваме. Значи неможе некој човек кој ја посветил целата кариера, студирајќи на медицинските факултети 6 години, да не споменувам потоа специјализација, од едно обично невнимание за кое не е тој виновен, бидејќи стварно има моменти каде што се во прашање и секундите за живот, гледаме се побрзо нештото да биди, мора да се делува бидејќи и при обично едно невнимание може да дојди до смртен случај.

 

Јас би напоменам исто така дека потрошувачката на пластика, на другиот графикон може да ја видите, со црвената линија е прикажана моменталната потрошувачка на пластика, со зелената линија на најдолното ниво е прикажано потрошувачката на пластика од биоразградувачката пластика, доколку дојди до производство од биоразградувачка пластика, и со жолта линија е прикажано доколку шприцот од нашиот проект се произведува, пак би имало заштеда и гледачите ќе видат за кои интервали станува збор, затоа што и да се произведува во нашата држава од обична пластика, повторно ќе имаме заштеда на големо количество пластика и јас успевам на еден вид пасивен начин да ја заштитам животната средина.

 

 

На Сашо ти посакуваме огромен успех во понатамошната промоција на овој твор патентиран производ и дека ќе дојде до масовно негово производство не само во Македонија, туку и во светот и да се надеваме дека можеви сепак ќе се создадат услови за ваквите иноватори како тебе да останат тука, а не својата шанса, идинина и перспектива за развој да ја гледаат надвор од неа.

 

Јас лично би се надевал и тоа е она што го сакаат не само јас, туку и сите студенти кои што веќе одат да студираат во странство, односно во другите европски земји. Во оваа прилика како што кажав би ги поканил сите прилепчани, здравствени работници да бидат присутни на публикацијата на 20 септември, се надевам дека се ќе помине како што е по план и како што досега течеше како подмачкано.

 

Ти благодарам уште еднаш и еве за крај, како еден куриозитет може да кажеме дека овој шприц е првиот патентиран производ во областа на медицината во Македонија после цели 25 години.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи