Кинезите открија необична супстанца на темната страна на Месечината

Кинескиот лунарен ровер Јуту2 (Зајак од жад 2) на Месечината наишол на мистериозна материја слична на гел.

 

На дното на еден мал и неодамна настанат кратер на спротивната страна на Месечината , роверот нашол светлечка материја , која кинеската вселенска агенција го опишала како ,,гел што таинствено светка”. Иако кинеските научници не објавиле за што точно станува збор, астрофизичарите сметаат дека станува збор за стакло настанато поради силен удар , по што е создаден и самиот кратер.

 

Научниот тим кој управува со роверот „Јуту 2“ се подготвувал на 28 јули, три дена по почетокот на двонеделниот лунарен ден, да го подготват роверот за „попладневна пауза“, процес што го штити чувствителниот дел од механиката од прегревање кога сонцето е директно над роверот.

 

Но, Ју Тиани, член на кинескиот научен тим, за време на анализата на снимката видел дека има нешто необично во кратерот. Така, истражувачите решиле да го одржат роверот, подолго вртејќи го директно кон центарот на кратерот за да се добие подобар преглед на интересниот наод.

 

Таму виделе заслепувачка супстанција , различна по боја, форма и текстура од околниот предел.

 

По дополнителното откривање на кратерот, Роверот бил испратен на попладневна пауза, а потоа повторно ставен во акција за време на попладневното сонце за да може да ја испита необичната материја од што е можно поблизу. Во овој период, тој го испитал кратерот користејќи видлив и близок-инфрацрвен спектрометар (VNIS), кој ја анализира светлината рефлектирана од разни површини за да се утврди хемискиот состав.

 

Резултатите од анализата на спектрометарот сè уште не се познати, но површината на Месечината е прилично суво подрачје, така што веројатно е дека роверот всушност пронашол зацврстен стопен материјал од супстанца слична на гел.

 

Се смета дека ударот од метеорот бил толку силен што веројатно ја пробил  надворешната кора на Месечината и ја истиснал содржината од нејзината внатрешност. Собраните примероци од содржината на материјата можат да им дадат на научниците подобар увид во внатрешната структура и историјата на нашиот природен сателит.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи