ВИДЕО – Тинтоски: Реконструирани и асфалтирани над 45 улици во Прилеп – градиме по план

Како никогаш досега на целата територија на Општина Прилеп, се реконструираат и се асфалтираат улици и патишта. Општина Прилеп предводена од СДСМ и градоначалникот Јованоски, интензивно инвестира во изградба на нова, како и подобрување на веќе постоечката патна инфраструктура во сите делови на градот, изјави на денешната прес конференција Кире Тинтоски, советник од редовите на СДСМ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Целосно е реконструирана и за прв пат асфалтирана улицата „Гога Димитриоски“ во населбата Варош, каде е поставен асфалт на површина од 2.200 метри квадратни. Претходно на оваа улица беше сменета старата водоводна линија и санирана канализационота мрежа.

 

Во населбата Гоце Делчев, целосно со нов асфалт се реконструирани двете коловозни ленти од улицата „Петта Прилепска бригада“, на површина од 7.500 метри квадратни.

 

Со нов слој асфалт, на површина од 2.800 метри квадратни е реконструирана и улицата „Ѓорѓи Димитров“.

 

Во централното градско подрачје се асфалтираа улиците „11.Октомври“ и „Стеван Апостолоски“.

 

Се асфалтираа и улиците „Кеј Бранко Секулоски“, „Ристе Секирчанец“, дел од „Александар Македонски“, улицата „Трајко Тарцан“ кај градската болница и уште 40-на други улици и краци ширум општината.

 

За прв пат откако е изграден, извршена е реконструкција и на регионалниот пат Прилеп – Вештачко езеро, каде е поставен нов слој асфалт во должина од околу 6.5 километри. Со овој зафат, после долги години го враќаме сјајот на ова излетничко и рекреативно место во нашата општина.

 

Се санираше и регионалниот пат Галичани – Кадино село – Боротино, со што обезбедуваме подобра патна комуникација и транспорт на производите на земјоделците.

 

Почитувани, со посветена и одговорна работа, власта предводена од СДСМ ги исполнува ветувањата, а Прилеп конечно прераснува во современа и урбана општина, каква што заслужуваат граѓаните на градот – херој.

 

Градиме по план и создаваме модерна и безбедна инфраструктура со која го подобруваме животот на сите граѓани. За нас, дадениот збор навистина важи!“, изјави Тинтоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи