Во рамки на проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ Општина Крушево на 21 септември организира две велосипедски трки и една рекреативна велосипедска трка.
Ќе се одржат трки во машка и женска конкуренција на веќе обележаните патеки за велосипедизам, а најдобрите ќе добијат велосипеди. Покрај овие трки ќе има и една рекреативна велосипедска тура за сите оние кои не сакаат да се натпреваруваат.
Трките и турата ќе започнат во 10 часот на 21.09.2019, а учеството на истите е бесплатно.
Настанот е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ.