Делегација на Венецијанската комисија денеска престојува во земјава и одржа средба со претставници на сите парламентарни партии и пратеници од помали етнички заедници во врска со побараното мислење од Комисијата за Законот за употреба на јазиците, на која беа искажани сите забешки во врска со Законот.
Начелно постои договор меѓу политичките партии да се почитуваат препораките од Венецијанската комисија во однос на Законот за употреба на јазиците, чии претставници на денешните средби со пратеничките групи во Собранието биле главно заинтересирани за употребата на Законот во судството, Јавното обвинителство, нотарите, во образованието, но и за уставноста на членот осум, кој се однесува за употребата на албанскиот јазик на книжните пари и униформите.
Венециската комисија треба да даде свое мислење по овие точки во октомври.
Закон за двојазичност стапи на сила на 14 јануари 2018 година.