Надворешната канцеларија за криминалистички Прилеп поднесе кривична пријава против Ш.Б.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.
На 30.08.2019 на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, кај с.Дебреште, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо 207“, управувано од М.С.(42) од Тетово, при што кај пријавениот, кој бил сопатник, пронашле и одзеле хероин и кокаин.