„Војдан Чернодрински“ со „Арапска ноќ“ на годинашниот фестивал Млад отворен театар во Скопје

Театарот „Војдан Чернодрински“ денес со претставата „Арапска ноќ“ ќе настапи на годинашниот фестивал Млад отворен театар во Скопје (МОТ).

 

Публиката ќе може да ја проследи претставата работена по текст од Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска, во која играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски. Музиката  е на Фолтин, а сценографијата и костимите на Јулијана Војкова Најман.

 

Скопската публика ќе може да ужива во „Арапска ноќ“, претстава што е современа приказна за една чудна ноќ на станарите на еден станбен блок, во една зграда иста како илјадници други, приказна која го прикажува нивното магично отклонување од механизмот на секојдневието.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи