Основните училишта „Рампо Левката“ и „Добре Јованоски“ ги одбележаа патроните празници

Со свечена програма подготвена од страна на учениците, денеска ООУ „Рампо Левката“ го одбележа својот патрон празник.

 

Обраќање пред присутните гости, учениците и вработените имаше директорката на училиштето, Менка Аџиоска која честитајќи им го празникот ја истакна големата помош и поддршка која ООУ „Рампо Левката“ ја има од градоначалникот и од локалната самоуправа.

 

„Им се заблагодарувам на градоначалникот Илија Јованоски и Општина Прилеп за поддршката која во континуитет ја добиваме за подобрување на условите за работа во нашето училиште. За неполни две години, во ООУ „Рампо Левката“ беа реализирани голем број на проекти. Променета е целокупната столарија на третиот спрат, промена на канализационата мрежа,  проект вреден 2.800.000 денари во изградба на повеќенаменско – спортско игралиште. На чекор сме пред отворање на дневен престој во училиштето, изградба на училница на отворено во дворот на училиштето, реновирани се парните котли, молерисани се дел од просториите во соблекувалната и спортската сала, го зголемивме и библиотечниот фонд и надгледните средства во опремување на кабинетската настава,го збогативме и зеленилото во дворот и многу други помали проекти“, посочи Менка Аџиоска, директорка на ООУ „Рампо Левката“.

 

Денеска патрониот празник го одбележа и ООУ „Добре Јованоски“, а делегации на Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци и други здруженија, утринава положија свежо цвеќе на спомен обележјето во месноста Дабница, каде на 19 септември 1942 година биле стрелани 18 жители на Прилеп и Дабница, меѓу кои и двајцата патрони на двете прилепски основни училишта.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи