Љубљана ќе стане прв европски град без отпад

Facebook
Twitter
Email
Print

Денес во Љубљана се одлага скоро 80% помалку отпад отколку пред 10 години, со што градот се вбројува во врвот кога станува збор за рециклирањето. Љубљана е првиот европски град кој се обврзал дека ќе стане град без отпад (zero-waste), пишува Guardian. Но, пред 15 години, целокупниот отпад одел право на депонија.

 

Селекцијата во собирањето на био отпадот до 2023 година ќе стане законска обврска во цела Европа, но Љубљана се развивала во овој правец многу порано. Имено, се започнува уште во 2002 година со одвојувањето на хартија, стакло и пластика во контејнерите покрај улиците.Четири години подоцна, започнува собирање на биоразградлив отпад од врата на врата. Во 2013 година, секое домаќинство во градот добива канти за одлагање на пластика и хартија. Со тоа, зaчесетноста во одвозот на сметот се намалува за половина, со што граѓаните уште повеќе биле поттикнати да го селектираат отпадот.

 

Се разбира резултатите се импресивни. Во 2008 година градот рециклирал само 29,3% од отпадот и заостанувал зад другите градови во Европа. Денес, тој процент е 68%, а на депониите се одведува речиси 80% помалку отпад. Денес Љубљана генерира 115 килограми отпад по глава на жител годишно и е во самиот европски врв. Европски град со најмалку отпад е Тревизо во Италија со 59 килограми годишно. Понатаму, развојот на најмодерната фабрика во Европа за третман на биолошки отпад беше голем чекор за градот во напорите да се постигне 75% стапка на рециклирање до 2025 година.

 

Регионалниот центар за управување со отпадот отворен е во 2015 година и денес опслужува 1/4 од Словенија, произведува електрична и топлинска енергија, ѓубриво за градини, рециклира 95% од отпадот, додека само 5% завршува на депонија.

 

Но, не се работи само за преработката и рецилирањето на отпадот. Како резултат на системската и организирана работа со граѓаните во делот на превенција, свеста за постапувањето со отпадот е на многу високо ниво. Љубљана има два центри за рециклирање на отпад од домаќинствата, каде што граѓаните можат да го одлагаат отпадот.

 

Бидејќи тие центри дневно примаат по околу 1000 посетители, планирано е отворање уште на најмалку три. Исто така, тренд во градот е отворање на zero-waste продавница. Во старото јадро на градот, каде нема доволно простор, инсталирани се 67 контејнери под земја. Тие се отвораат со картичка која ја добиваат станарите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи