ВИДЕО – Младиот иноватор од Прилеп Сашо Јандрески го промовираше својот изум – уникатен медицински шприц

На свои само 16 години Сашо Јандрески од Прилеп, ученик во втора година во гимназијата „Мирче Ацев“ во овој град веќе патентираше уникатен медицински шприц, единствен од ваков тип во светот. За разлиика од постојните шрицеви кои се користат Јандрески тврди дека со овој негов изум, кој го нарекува и „Јандреев шриц“, здравствениот работник нема никаков контакт со пациентот при давањето на терапијата и со 100% ќе биде заштитен од заразување со болести како Хепатит Б и Хепатит Ц. Јандрески овој уникатен иизум го промовираше пред целата лекарска фела во Прилеп и голем број гости од целата држава во преполната сала на домот за култура „Марко Цепенков“.

 

 

„Шприцот функционира така што под дејство на притисок излегува притисочната рачка, иглата излегува во иглената комора, под дејство на ротација се ослободува смата игла, потоа се дозира, се убризгува, се инјектира. Исто тука морам да потенцирам дека шприцот е компактабилен за секаков вид на терапии : дермална, епидермална, мускулна и интравенозна. Со тоа што после аплицирање на лекот се повлекува иглата и навлегува волуменската капсула“, истракна Сашо Јандрески, млад иноватор.

 

Производот е патентиран во Државниот завод за индустриска сопственост, а куриозитет е тоа што овој шприц е првиот патентиран производ во областа на медицината во Македонија после цели 25 години. Јандрески идејата ја добил додека волонтирал во медицинските установи во Прилеп.

 

„Самиот шприц ќе биде компактабилен само за една употреба, постои еден вид на блокатор и шприцот нема да може повеќе да се користи“, додаде Јандрески.

 

Јандрески на изумиот работел 11 месеци со подрршка од 3 професорки Моника Јанкулоски, Наташа Милеска Михајлоска и Стефани Видеска. Шприцот може да се произведува во 2 варијанти, од обична палстика и малку поскапа варијанта од биоразградлива пластика.

 

„Сето тоа беше една макотрпна работа, но негова, исклучиво негова. Ние бевме само тука да му бидеме морална поддршка за да не прекинува со неговото истражување“, изјави Наташа Милеска Михајлоска, наставник по биологија.

 

По вчерашната презентација Јандрески планира уште една презентација на шприцот на Медицинскиот факултет во Скопје, како и започнување на преговори со компаниии од Македонија и странство коии би го откупиле неговиот патент.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи