ВИДЕО – Брезовец : „Глембаеви“ на прилепскиот театар е претстава од европско ниво, ансамблот одигра фасцинантно

Во сабота на 28 септември во 20 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се прикаже најновата премиера „Глембаеви“ по текст на Мирослав Крлежа, а во режија на Бранко Брезовец. Од прилепскиот театар истакнаа дека се соочиле со еден голем предизвик на сцената да ја одиграат оваа култна претстава.

 

 

„Како театарска куќа се соочивме со еден голем предизвик на нашата сцена да се постави еден познат текст и за секој актер и режисер е предизвик да се игра во една „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа. Тука е режисерот Бранко Брезовец кој што по втор пат доаѓа во нашиот театра да режира претстава, а овој проект е трет по ред оваа година  кој е финансиран од Министерството за култура и официјално мии е многу драго што сезоната 2019-2020 ја започнуваме со овој проект. Морам да напоменам дека во Министерството беше аплицирано дека станува збор за една копродукциска претставата заедно со „Еурокас“ од Хрватска, Загреб. А таа премиера копродукциска ќе ја имаме на 7 октомври. Прекрасно е чувството кога со буџетски средства за една претстава ќе е направат 2 премиери, од која едната ќе се игра постојано ан репертоарот на театарот, а другата е копридукциска. Ќе направиме обиди и таа да биде што почесто на репертоарот“, истакна Марија Спиркоска Илијеска, која е и актер во театарот „Војдан Чернодрински“

 

Режисерот Брезовец рече дека станува збор за претстава на европско ниво, која е доста тешка да се одигра, а во Прилеп ги пронашол витинскитет актери за тоа.

 

„Станува збор за еден вид на античка трагедија и тоа треба да се знае како да се одигра. Ова е одлична екипа, тука имам само 8 актери со кои соработував, сите доста захтевно се зафатија со оваа претстава и за месец и половина успеаа да го направат тоа што јас не верувам дека може да го направат во Хрватска, ако не беше Северина да ја игра Бароницата. И денеска имаме проблеми кој би можел да ја игра бароницата, човекот кој го глумеше Глембај умре од рак. Тоа му беше последната негова улога и јас не се осудив тоа да го повторам затоа што јас не чувствував дека некој во Хрватска тоа може да го одигра. Прилепскиот ансамбл одговори на сето ова на еден фасцинантен начин. Не сакам да изгледа дека премногу се фалиме, но навистина ќе видите дека станува збор за европска ниво“, вели режисерот Брезовец.

 

Задоволни од сработеното се и актерите коии потенцираа дека Брезовец успеал од нив да го извлече најдоброто, нешто што и самите не знаеле дека го поседуват.

 

„Мислам дека работевме чесно целата екипа, без замерки, со разбирање, а околу претставата за темата да зборувам дека денешните олигарси се поврзани со тогашните, кажавме дека денешните се без никаква култура“, кажа Андон Јованоски, актер.

 

„Полагав приемен со монолог на Леоне Глембај и од тогаш до пред неколку месеци се немав сретнато во мојава актерска кариера со Крлежа и Глембаеви. Отсекогаш овој лик ми бил помеѓу еден топ 3 или топ 4 ликовии коии сум сакал да ги одиграм во животот. Овој моемнт дојде како кец на десетка. Најдобриот режисер, според мене, најдобриот познавач за Крлежа, Глембаеви … Дојде тука во вистинско време, на вистинско место и ми овозможи мене да работам на мојата улога од соништата, толку длабоко што ни самиот не сум бил свесен дека во мене има толку материјал, благодарение на Бранко, го изваде најдоброто од мене“, изјави Зоран Иваноски, актер.

 

„Нема многу да зборувам за Бароницата ве поканувам да дојдет и да видите за што станува збор, нема да ја раскажуваме приказната за Глембаеви. Секако дека секој кој ќе чуе дека сме ја поставиле Глембаеви ја има прочитано таа книга, но верувајте ќе видите нешто друго, поинакво. Ќе сфатите дека сте читале друго, а ќе гледате нешто сосема поинакво. Само сакам да напоменам за соработката дека сите го имаме истото чувство дека кога некој ќе пробуди некаков поинаков погон во самиот актер и кога ќе се загубиите во тој процес, ќе се загубите во позитивна смисла на зборот и кога некој ќе успее да освести нешто  што несвесно го поседувате иилии пак воопшто не сте знаеле дека можете да произведете за да создадете една полнокрвна улога“, истакна Даниела Иваноска, актерка.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи