Прилепскиот театар доби ново уредено фоаје и пристапна рампа за инвалидизирани лица која што ja донација од училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“. Во реновирањето помогнале со свои донации и други прилепски компании. Сега публикатa ќе има можност да ги види изложени сите награди кои што ги има освоено Народниот театар „Војдан Чернодрински“.
„Ова е сега едно ново, наше време, време на младатат екипа и нашите желби да станеме еден европски театар, со европски репертоар. А исто така со сите можности кои што треба да ги понудиме на публиката. Како што е пристапната рампа за инвалиди, фоајето да е во ваков стил уредено. Сето ова е со помош на нашите донатори, јас незнам дали воопшто сме имале досега донатори кои што сакале да помогнат и да излезат во пресрет. Во секој случај ние работиме за нашиот град, за нашата публика и заслужуваме и ние и вие малку повеќе. Во фоајето веќе се наместени рафтови во кои се сместени нашите награди кои ги имаме освоено на сите фестивали. Публиката треба тоа да го види и не треба тоа да биде скриено во некоја канцеларија каде што многу ретко се влегува таму. Јас се изненадив кога видов колку овој ансамбл има освоено награди. Не зборувам само за последниве 10 или 15 години, зборуваме за години наназад“, истакна в.д директорката на Центарот за култура Марија Спиркоска Илијеска.