Во 87 година од животот, во Париз почина еден од најпопуларните француски претседатели, Жак Ширак. Тој беше претседател во два мандата, од 1995 до 2002 и од 2002 до 2007 година.
Како најзначајна реформа што ја спровел за време на својот мандат беше намалувањето на претседателскиот мандат од 7 на 5 години, а во неговото време Франција ја промени својата валута во евро.
Ширак ќе остане запаметен по тоа што водеше силна кампања во Франција против американската инвазија на Ирак во 2003 година и по тоа што работеше на прифаќање на колективна одговорност за страдањето на Евреите во Франција за време на Втората светска војна, кога од таа земја во нацистичките логори на смртта беа испратени околу 76.000 Евреи.
Ширак бил и премиер , но и градоначалник на Париз, кога беше под истрага за злоупотреба на градоначалничкит мадат и осуден на условна казна затвор.