Силен земјотрес од 5,8 степени според Рихтер го погодил најголемиот турски град Истанбул во околу 14 часот по локално време.
Епицентарот е забележан на 66 километри од Истанбул, во Мраморното море на длабочина од 7 километри.
Многу граѓани во паника почнале да излегуваат на улиците. Забележано е како поедини згради се нишаат, а снимките на надзорните камери покажуваат дека во маркетите производи паѓале од полиците.
5.8 büyüklüğündeki #deprem anı #İstanbul #Silivri pic.twitter.com/3dxqKtKnRm
— F5Haber (@f5haber) September 26, 2019
Bir an ciddi anlamda gidiyoruz sandım #istanbul #deprem pic.twitter.com/znoAulyDKn
— Barış Şişik (@BarisSisik63) September 26, 2019
Тресењето на земјата се почувствувало во целиот град. Засега нема извештаи за жртви и материјална штета.