Се поголемото загадување и климатските промени се причина младите иноватори да се посветуваат на реализација на еко проекти кои ќе ја заштитат животната средина. Едни од најактивните еко иноватори од Прилеп се членовите на физичката секција при СОУ „Ѓорче Петров“ кои досега имаат направено три вакви проекти. Првиот за кој добија и награда од Фондот за иновациии е Смарт еко клупа која работи на соларни панели.
„Соларните панели се позаврзани со акумулатори каде се заштедува енергијата панелите ии од кои може да се полнат нашите мобилни телефони и сега најново поставивме и полначи за електрични скутери и тротинети“, истакна Христина Микулек, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.
Другите два проекти допрва треба да бидат промовирани, тоа се паметна корпа за отпадоци која работи на сензори и лежалка на соларна енергија.
„Имаме и мини фриижидер и фиока од по страните на соларната лежалка за оставање на нашите пијалоци, а истовремено и ладење. Кога се извлекува фрижидерот се прекинува ии струјата до него, а кога е затворена фиоката се ладат нашите пијалоци“, вели Леонид Ристески, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.
„Целта на таа корпам е да се подигне еколошката свест од најмала возраст. Идејата беше прво таа се стави во градинки или кај деца од 1 до 4-то одделение и затоа истата е цртана со ликови од анимираните филмови“, потенцираше Василиј Пенков, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.
Токму на оваа тема поддршка на Еко-иновативно претприемништво како дел од ИПА – Балкан – Мед програмата во Прилеп се одржа втората работилница од овој проект. Претходно било направено и истражување со кои проблеми се соочуваат компаниите при спроведувањето на еко проектите.
„Во најголем дел бизнисмените имаат проблем со менаџирањето на отпадот, исто така им требаат знаења кои што се однесуваат менаџирање воопшто на еколошките компоненти во работењето и пристап до финансии за еколопките иновации“, изјави Марика Башеска Ѓорѓиеска, проект менаџер на проектот.
„Целта на проектот е да се создаде платформа на која што ќе можат претприемачите или учесниците во овој процес да собијат сознанија е знаења како од својата еко идеја да можат да ја реализиираат, даја донесат до реализација и кој вештини ќе им бидат потребни за да се реализира истото, но во исто време и на кој начин да дојдат до одредени средства, дали преку употреба на одрени фондови, домашни поддржувања од страна на финансиски институциии и слично“, кажа Наталија Велковска, Агенциоја за поддршка на претприемништвото.
Во проектот за обука и поддршка на младите еко иноватори и претприемачи освен Македонија се вклучени и Бугарија, Грција и Кипар.