ВИДЕО – Над 300 учесници од 20 држави на 9-тиот по ред „Krali Marko trails“

По 9-ти пат во Прилеп денеска се одржува најдолгиот планински маратион во Македонија „Krali Marko ultra trails“ или по стапките на Крали Марко . Маратонот е поделен во 3 трки, првата е долга 16 км. „Treskavec trail“, 34 км „Kamena baba trail“ и најдолгата трка „Kozjak trail“ 67 км. насловена според највисокиот врв во регионот кој треба да се искали врвот Козјак кој се наоѓа на 1.747 мнв. Организатор е здружението „Тrex“ од Скопје.

 

 

„Секогаш сме се труделе да направиме еден уникатен спортски настан, ние го сакаме планинското трчање. Сите кои сме дел од организацијата практично и трчаме. И многу мина за прв со планинско трчање започнале да се занимаваат стартувајќи токму со оваа трка“, истакна Игор Јовановски, организатор на настанот.

 

Годинава има над 300 учесници од 20 држави. Дел од планинскиите тркачи за прв пат се на овој маратон, а дел пак доаѓаат со години бидејќи ги пиивлекувала прекрасната природа и знаменистостите кои се посетуваат додека трчаат како манастирите и средновековните тврдини.

 

„Теренот е навистина технички тежок терен. Три пати последователно сум победник на тркава, така што и годинава очекувам да бидам прво место“, кажа Александар Стојкоски, учесник од Македонија.

 

„Тука доаѓам по трет пат, многу ја сакам оваа трка затоа што ваков терен нема во Србија и мене ми е како да доаѓам на Марс, уживам во овие камени предели“, кажа, Ивана Ценериќ, учесник од Србија.

 

„Прв пат сум на оваа трка, претходно бевме на планинарење тука и реѓивме оваа година и да трчаме. Денот е убав, стазата исто така очекувам дека ќе ја завршам за нешто околу 10 часа“, рече Бојан Марковиќ, учесник од Србија.

 

„Јас сум од Словачка, за прв пат сум тука, мислам дека ќе биде убава трка и дека ќе имам убаво искуство од овој предел“, вели  Јозеф Веверка, учесник од Словачка.

 

Се очекува тркачите најдолгата дестинација да ја завршат за околу 10-тина часови. Инаку трката ги привлекува странците бидејќи носи бодови за „Ултра треил ду Монт Блан“, планинската трка околу Мон Блан, која се смета за неофицијално светско првенство во планинско трчање.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи