Полицаецот Хектор Гузман во подземна железничка станица во Лос Анџелес снимил жена која пеела опера, а после тоа, неговата снимка станала хит на интернет.
„Четири милиони луѓе живеат во Лос Анџелес, четири милиони приказни, четири милиони гласови… некогаш, за да слушниш нешто прекрасно, треба за застанеш и да слушниш еден“, напиша на својот Твитер профил полицијата од Лос Анџелес.
4 million people call LA home. 4 million stories. 4 million voices…sometimes you just have to stop and listen to one, to hear something beautiful. pic.twitter.com/VzlmA0c6jX
— LAPD HQ (@LAPDHQ) September 27, 2019
За само три дена снимката ја прегледале 270.000 луѓе. Жената се вика Емили Замурки, која дошла во САД пред неколку децении. Таа раскажала дека поради здравствени проблеми завршила на улица и живее како бездомник.
За да ги покрие своите трошоци почнала да свири на улица, но нејзината виолина била украдена, па се тргнало наопаку. Рекла дека сака да пее во метрото поради акустиката која ја потсетува на настап во сала и се надева дека новопечената слава ќе ѝ помогне да застане на нозе.
„Ќе бидам благодарна на секој кој ќе се обиде да ми помогне да се тргнам од улицата и да имам свој дом и инструмент“, рекла Емили за телевизијата „Еј-Би-Си 7“.