Укинати квотите за лекови на рецепт во аптеките – ќе се купуваат со лична карта

Facebook
Twitter
Email
Print

Од денеска граѓаните можат да подигнат лекови на рецепта во секоја аптека што работи со Фондот и во секој ден од месецот  со воведувањето на електронски систем за нивното купување. Новина исто така е што пациентите ќе треба да прикажат документ за идентификација кај нивниот матичен лекар, но и во аптеката при подигање на одреден лек.

 

„Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемува контролата при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција“, велат од СДСМ.

 

За децата и возрасните тоа ќе може да го направи и член од семејството, со сопствен документ за идентификација.

 

Здравствените власти сметаат дека со личната идентификација за подигнување лекови ќе се избегнат досегашните злоупотреби и од пациентите и од лекарите.  Контролата ќе ја вршат со читачи на лични податоци на пациентите кои аптеките бесплатно ќе ги добијат од Фондот до крајот на годината.

 

Годишно во земјава се издаваат 25 милони рецепти за лекови од позитивната листа, а држававата издвојува околу 50 милиони евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи