Со пуштањето на стотина балони и правењето на 5-те олимписки кругови, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, кои го симболизираат мирот, толеранцијата и соработката помеѓу континентите во светот, најмалите од градинката „Гоце Делчев“ од Прилеп ја одбележаа „Неделата на детето“ која се одбележува во месец октомври. Настанот беше насловен како „Парада на мирот“. Освен балоните како порака за мирот се пуштија и гулаби кои исто така се светски симбол на мирот.
„Обично ние секогаш како колектив околу овој датум се собираме, се договараме што ќе правиме, идејата дојде спонтано, се подготвувавме целиот овој месец, требаше да се организираат повеќе работи за децата. Во секој случај немаше да испадне така како што излезе овој настан доколку ја немавме поддршката на пријателите тука секогаш за над се „Лаг Агро Лидер“, Општина Прилеп, ЈКП „Комуналец“ кој ни ги отстапи овие штандови, родителите кои не трпат и соработуваат со нас, како и колегите и колешките кои не се тука со нас, затоа што мораа да останат во градинката каде и таму има деца, но апсолутно не помагаа и поддржуваа“, изјави Лидија Стојаноска, наставничка во градинката „Гоце Делчев“ во Прилеп.
„Ние децата сме за мир за детство поминато во игра и љубов“, истакна едно од дечињата.
Овој настан е дел од проектот на „Лаг Агро Лидер“ кој се вика „Поделено минато, заедничка иднина“. Се надеваат дека овиие пораки на најмладите упатени за мир и толеранција ќе стигнат насекаде во светот.
„Лаг Агро Лидер“ во рамки на проектот кој го имплементира „Поделено минато, заедничка иднина“, уште еднаш во соработка со градинката „Наша Иднина“ од Прилеп покажа дека овој свет треба да го предводат најмладите и дека пораките за мир толеранција кои тие може да ги испратат насекаде во светот, треба да допрат до секого за да се буди свеста за заеднички живот и толеранција“, кажа Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
И најмладите и НВО секторот се надеваат дека овие проекти нема да застанат тука, туку дека ќе добијат се поголема афирмација и институционална поддршка, а се со цел испраќање на универзалната порака за мир на целата планета.