Со одговорен, чесен и домаќински пристап, ги решаваме децениските проблеми на граѓаните на општина Прилеп, кои со години беа игнорирани од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. На улицата „Бистра планина“ во населбата „Сточен пазар“, за прв пат се поставува канализациона мрежа, изјави на денешната прес конференција Никола Багески, член на Централен одбор на СДСМ.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Конечно, после 50 години, откако е формирана населбата, граѓаните од овој дел на Прилеп добиваат канализациона мрежа и елементарни услови за живеење во нивните домови.
Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Јованоски, не застанува тука. По завршувањето на изградбата на канализацијата, ќе се работи на промена на старата и дотраена азбезна водоводна мрежа, со цел подобрување на водоснабдувањето и на крај улицата ќе биде целосно асфалтирана.
Почитувани сограѓани, токму во овој дел од населбата „Сточен пазар“, на педесетина метри од местото каде сега се гради основната инфраструктура, екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, надвор од сите прописи и стандарди, среде нива, во непосредна близина на незаградената река, градеше училиште.
Надлежните институции мора итно да откријат дали изградбата на ова училиште за кое се потрошени 12 милиони денари пари од граѓаните, претставува злоупотреба на службената положба на Ристески и неколкумина други „Дил ориентед“ функционери од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Почитувани, додека Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивните локални послушници нудат обнова на корупцијата и криминалниот режим, СДСМ работи за интересите на граѓаните и ги исполнува предизборните ветувања“, рече Багески.