Љубе Бошкоски и вработените во МВР ослободени за „Ровер“ – 3 доживотни казни за извршителите

Facebook
Twitter
Email
Print

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Ровер“. Покрај Бошкоски, Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски исто така се прогласени за невини за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.

 

Бошкоски во претходното судење доби казна затвор во траење од 10 години и шест месеци, инспекторот Трајковски заработи осум години и шест месеци, а по седум години затвор добија Јовановски и Ристиќ. Митревски и Негриевски добија затворски казни од по пет години и шест месеци.

 

Тројцата обвинети српски државјани, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, во отсуство беа осудени на доживотен затвор, а четвртиот српски државјанин Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор.

 

„Фактичката состојба е утврдена. Во 2001 имало тепачки меѓу Маријан Тушевски и Орце Коруновски, по што Коруновски ангажирал странски државјани за да го ликвидираат Тушевски“, рече судијата Илија Танев.

 

Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година беа убиени на излегување од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми бил убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега.

 

Бошкоски, како тогашен министер за внатрешни работи, и останатите вработени во МВР, се товареа дека им овозможиле на убијците да избегаат. Тие речиси три години поминаа во притвор.

 

На изрекувањето на пресудата во судница не беше обвинителката Лидија Раичевиќ. Таа сега може да ја обжали првостепената пресуда пред Апелација.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи