Започна асфалтирањето на патот од Јакреново до Саждево

Започна асфалтирањето на патот кој води од населеното место Јакреново, до село Саждево.

 

„Денеска започнавме со асфалтирање на нов локален пат од с. Јакреново до с. Саждево. За нас зборот важи! На прав пат сме за да направиме и реализираме многу повеќе проекти се во интерес на моите сограѓани, тоа е наша обврска.“ рече градоначалникот на општина Крушево.

 

Проектот е во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој на подрачјата со специфични развојни потреби, преку Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој. За оваа намена Владата на Република Северна Македонија оддели 2.199,541 денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien