Од 17 до 22 октомври 2019 во кино Мис Стон од 20.00 часот ќе се прикажува филмот „Медена земја“.
„Медена Земја“ е најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфрираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Филмот кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, од 17-ти октомври до 22 октомври ќе се прикажува во кино Мис Стон, со почеток во 20.00 часот.
Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша:
„Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“
Холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!
Филмот освен во кино салите низ Македонија, деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска
„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“, по ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија.
Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!
Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам…
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите