Бугарскиот премиер Бојко Борисов го советувал премиерот Зоран Заев да не поднесува оставка доколку сега не биде донесена одлука за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.
„Јас разговарав со Заев и мојот совет до него беше да не си поднесува оставка зашто заврши многу работа и има уште многу што да се направи. Ништо не е завршено, туку е одложено“, изјавил Борисов за бугарските медиуми.
Евентуалното одложување, според него, може да се искористи и за постигнување договор на мешовитата комисија околу отворените прашања од историјата на Бугарија и Македонија.