ВИДЕО – Издашноста на „Студенчица“ алармантна, „Водовод“ со сите сили обезбедува вода, но не се знае до кога ако не заврне

Поради алармантната издашност на изворот „Студенчица“ од само 510 литри вода во секунда Прилеп, a особено високата зона на градот како населбите Рид, Варош, Тризла и дел од Точила, изминативе недели се соочуваат со големи проблеми и рестрикциии при водоснабдувањето. Деновиве конечно се најде решение за овој проблем, но за жал и тоа е само привремено бидејќи издашноста на изворот постојано опаѓа.

 

 

„Успеавме да најдеме начин преку бунарите, од водоводната линија од Точила да доставиме вода до стариот резервоар, лоциран блиску до пречистиителбата станица, чија што намена беше во услови вода од езерото, водата која што ќе се третира од езерото да се складира во тој резервоар. Пуштивме во употреба препумпна станица од тој резервоар, носевме вода во него и преку препумпната станица директно водата ја импутиравме во крушната цевка Ф-400 која што практично ја носи водата во високата зона. На овој начин во вторникот се стабилизира водоснабдувањето и во овој момент цел град и секое домаќинство имаат доволни количини на вода,  се надеваме дека таа состојба ќе продолќи и понатаму. Нашите екипи се постојано на терен и верувам дека ова ново искуство не само што помогна само сега да се дистрибуира доволна колиичина на вода во целиот град туку ќе биде добар предуслов и во иднина кога имаме вакви кризни моменти градот да се снабрува со вода“, истакна Емиј Јанески, дииректор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.

 

Од 510 литри на Студенчица, Прилеп добива само 130, 25 литри се добиваат од старите градски извори, а останатите потреби се задоволуваат од 15 бунари, кои вкупно ги има 25. Но, Прилеп реално дневно троши над 400 литри вода во секунда.

 

„Со издашност на Студенчица од само 500 литри во секунда можеме само да очекуваме дека секое домаќинство ќе има вода. Се надеваме дека ќе се подобри хидро метереолошката состојба. Ако ваквата суша продолжи постои опасност ии да опаѓа дополнително Студенчица, но и да опаѓа т.н. бунарско огледало, нивото на бунарите со што бунарите во биле вон функција би започначе да влечат песок наместо вода“, додаде Јанески.

 

Според директорот Јанески водата понекогаш била матна поради мешале водите од Студенчица и бунарите, но засега била хемиски и бактериолошки исправна. Се апелира на максимална граѓанска совесност да се штеди водата бидејќи доколу не се подобри хидролошката ситуација околу 200.000 граѓани на Кичево, Крушево, М. Брод, Прилеп и другите помали општини кои се приклучени на региионалниот водовод Студенчица, може да се ги снајде вистинска катастрофа.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи