Премиерот Зоран Заев предвреме се врати од Брисел, без да ја дочека конечната одлука на самитот на ЕУ, каде сѐ поизвесно е дека Македонија нема да добие датум за преговори.
Во моментот во Влада се вршат консултации со министрите на неколку нивоа. Од таму за порталот СДК потврдуваат дека се следат случувањата во Брисел и се разгледуваат и анализираат сите опции, вклучително и оставка на премиерот Зоран Заев и враќање на мандатот.
Паралелно од утрово има консултации и во партиското седиште на СДСМ.
Анализи и консултации се вршат и во другите политичките партии, а веќе има најава и за можна лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски.