Еврокомесарот Јоханес Хан на својот Твитер профил напиша дека лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање на преговори за пристапување со и со Албанија, како што ветија во јуни.
„ЕУ лидерите не успеаја да ги исполнат своите заложби за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија на Европскиот Совет. Ова претставува екстремно разочарување. Земјите членки на ЕУ сега треба да се изјаснат за тоа колку е сериозна нивната заложба кон ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан“, напиша Хан.
Комесарот Хан повтори, како и во Луксембург, дека ова не е момент со кој може да се гордее ЕУ.
„Да се одбие признанието на докажан напредок ќе има негативни последици, вклучително и ризикот од дестабилизација со целосен импакт врз ЕУ“, предупреди Хан.