Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на бензините, додека цената на дизелот и следната седмица ќе остане истата. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва цените на горивата се намалуваат во просек за 1.16%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.00 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел ќе продолжи да чини 62.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.