Снимена најбрзата мравка во светот – трча 85 сантиметри во секунда

Научници успеаја да ја снимат и измерат брзината на движење на најбрзата мравка во светот, која живее во Сахара.

 

Имено, таа може да надмине 85,5 сантиметри во секунда, или должина 108 пати поголема од онаа на своето тело. Тоа е како луѓето да можат да трчаат со 1.000 километри на час.

 

Сахарската сребрена мравка, стручно наречена „Cataglyphis bombycina“, може да прави 50 чекори во секунда. Само за споредба – Усеин Болт прави четири чекори во секунда.

 

Харалд Волк, професор на германскиот Универзитет на Улм, и неговите колеги ја снимија брзината на овие мравки со помош на камера над влезот на нивниот мравјалник. Видеото е направено во Тунис.

 

Причината за нивната необична брзина допрва треба научно да се испита, но Волк смета дека тоа се должи на фактот дека тие имаат малку пократки нозе од другите видови мравки.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи