Нашиот кик боксер Виктор Димовски повторно го освои првото место на светското првенство во поинт фајт . На светското првенство што се одржа во Нордхон Германија од 18 до 20 октомври во организација на светската WFMC организација учествуваа борци од целиот свет.
Македонскиот борец Виктор Димовски по потекло од Велес, а живее во Германија, имаше повеќе борби. Во елиминациите ги победи борците од Бразил, Германија, Франција и Англија.
Во финалната борба го победи борецот од Полска и го освои златниот медал на светското првенство. Честитки за Виктор и му посакуваме уште многу успеси.
129