По три дена дебата Европскиот Парламент ја изгласа вонредната резолуција со цел започнување на преговорите со Македонија. Со резолуцијата се осудува одлуката да не и’ се одобри почеток на преговори со ЕУ на Македонија.
Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 воздржани, европратениците ја изгласаа резолуцијата со која ги повикуваат европските лидери на наредната средба да донесат одлука за почеток на преговори со Македонија и Албанија.
„Политиката за проширување на ЕУ е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство на ЕУ“, се вели во резолуцијата.
Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почна пристапни преговори со оглед на тоа што и Македонија и Албанија направија значителни напори во исполнувањето на европските барања. Следниот самит на Унијата е во мај 2020 година во Загреб.