Македонија се најде на третото место од топ 10 дестинации на списокот земји кои треба да се посетат во 2020 година, според листата на издавачот на туристички водичи “Lonely Planet”.
Според нивната интернет страница, секоја од локациите е избрана поради нивната „тропичност, уникатни искуства и вчудовидувачки фактор“, а работи што треба да се искусат во Македонија се наведуваат гастрономијата, древната традиција и природните убавини.
„Ретки се можностите да одбележиме ребрендирање на земја. Таков е случајот со Северна Македонија, место најпознато само како Македонија, која веќе беше препознатлива по гастрономијата, античката традиција и природата, но вљубениците во културата и авантурата ќе најдат нови изговори за да ја посетат во 2020 година со дополнителни летови до УНЕСКО заштитеното Охридско Езеро и новоотворената „Хај Скардус треил“, патека долга 495 километри покрај највозбудливите врвови на регионот“, велат од „Лоунли Планет“.
На првото место се најде малото будистичко кралство во Хималаи, Бутан, кој важи за единствена јаглеродно неутрална држава на светот и следната година планира да стане прва органска нација на светот.
Пред Македонија е и Англија, а во првите десет уште се Аруба, Есватини (некогашен Свазиленд), Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.